Име на проектот: Бизнисот нема граници
Бенефициенти:
“Бугарска Менаџмент Асоцијација” - Бугарија
РЦС “Спектар” - Македонија
Фондација “Стратос” - Бугарија
Соопштенија Понуда на работа | Понуди за продажба | Понуди за купување | Понуда на средства
Проектот е кофинансиран од
Европската унија
Прекуграничната соработка во рамките на ИПА има за цел да ги промовира добрососедските односи, потикнувајќи стабилност, безбедност и просперитет во заедничкиот интерес на сите опфатени земји, како и потикнувајќи нивен хармонизиран, балансиран и одржлив развој.
Поучени од минатите искуства, ИПА-ПГС ќе работи на двете страни од границата врз основа на еден сет на правила и цели, со што кe обезбедува можност за целосно еднаквo и балансиранo програмирање и процес на донесување одлуки.
Целите на ИПА ПГС компонентата се дизајнирани да ги земaт во предвид специфичните потреби на соодветната надворешнa границa. Тоа се:
Општа цел на проектот е да се поддржи претприемништвото преку иновативна билатерална соработка помеѓу активните економски играчи - претприемачи, МСП, фармери, НВО за поддршка на бизниси и локалните власти - во областа на Ќустендил и Североисточниот македонски регион.
Проектите имаат за цел мобилизирање на локалниот претприемачки дух преку стимулирање на идентификација на нови бизнис идеи, со поттикнување на граѓаните да бараат и користат нови бизнис можности и со продолжување на создавање на поволна бизнис клима од локалните власти, невладините организации, инвеститорите и финансиери кои се вклучени и одговорни за развој на бизнисот во прекуграничниот регион.